Термин 07 Декември

1 ден   07.12.2017 СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА  Состанок на групата на паркингот на салата Борис Трајковски   во 16.00 часот. Тргнување за Будимпешта во 16.30 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.

2 ден   08.12.2017 БУДИМПЕШТА  Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Препорачуваме панорамско разгледување на градот со стручен локален водич: Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата “Св. Стефан”, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата “Св. Матејас”, Рибарската тврдина...  Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Сместување во хотел…  Вечерта, предлагаме крстарење со брод по Дунав. Ноќевање.

3 ден    09.12.2017 БУДИМПЕШТА – ВИЕНА Појадок. Препорачуваме  посета на Виена, панорамско разгледување на градот: Рингот, Парламентот, Виенската Опера, градското Собрание, Палатата Хофбург, Катедралата Св.Стефан. Слободно време за прошетки низ стариот дел на градот. Во попладневните часови посета на шопинг центарот во Пандорф. Враќање во Будимпешта.. Ноќевање.

 4 ден   10.12.2017 БУДИМПЕШТА  – СЕНТ АНДРЕА  Појадок. По појадокот заминуваме  на посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Поаѓање за Македонија во вечерните часови. Ноќно и денско возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

5 ден 11.12.2017 СКОПЈЕ  Пристигнување во Скопје во пладневните  часови ..

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТА ДО 10 НОЕМВРИ: 99 € / 6.140 ден 

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 109 € / 6.760 ден

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:


  • Превоз со високотуристички автобус
  • 2 ноќевања во хотел 3* НП во Будимпешта (околина)
  • Организација и водство на програмата
  • Организација на аранжманот
  • Лиценциран туристички придружник

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување 155 денари
  • Разглед на Будимпешта 10€
  • Крстарење по Дунав  15€
  • Посета на Сент Андреа 10€
  • Посета на Виена и OUTLET SHOPING CENTER PARNDORF 35€
  • Влезници за музеи и културно-историски знаменитости
  • Доплата за еднокреветна соба 1,550 денари

 

НАПОМЕНИ:

  •  За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  •  Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  •  За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  •  Попустите не се комбинираат
  •  Останатите услови на патување важат според годишниот програм на ДАЛАС УНИОН
  •  Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди време и место  на поаѓање
Available
Not Available
Selected
Tour type: Дневна Тура
Времетраење: 1 ден
Максимален број на лица: 1
Локација: 8-ми Декември, ЕСЕНСКИ ПАТУВАЊА
Оценка:
Датум на заминување:
Arrive date:
Лица:
Деца:
Infant:

Loading Maps

Рецензија за Турата

Нема рецензии
МораНајави седа внесете рецензија