ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 25.11.2017: 159 € (9.858 денари)

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  169 € (10.478 денари)

 30.12.2017  СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА
Состанок  на групата пред хотелот “Holiday Inn” во 16.00 часот. Тргнување за Будимпешта во 16.30 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.
31.12.2017  БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Предлагаме панорамско разгледување на градот со локален водич: Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата “Св. Стефан”, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата “Св. Матејас”, Рибарската тврдина… слободно време за индивидуални прошетки. Сместување во хотел. Вечерта ве водиме на дочек на Новата 2016 година на  некој од плоштадите во Будимпешта, или можност за дочек во Национален ресторан – ЧАРДА (факултативно) Ноќевање
01.01.2018 БУДИМПЕШТА  – СЕНТ АНДРЕА
Појадок. По појадокот заминуваме  на факултативна посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање во Будимпешта. Слободно попладне. Вечерта, факултативно крстарење со брод по Дунав. Враќање во хотел. Ноќевање
02.01.2018  БУДИМПЕШТА – ВИЕНА
Појадок. Препорачуваме  факултативна посета на Виена, панорамско разгледување на градот: Рингот, Парламентот, Виенската Опера, градското Собрание, Палатата Хофбург, Катедралата Св.Стефан. Слободно време за прошетки низ стариот дел на градот. Враќање во Будимпешта со попатна посета на Пандорф. Ноќевање.
03.01.2018    БУДИМПЕШТА
Појадок. Слободно претпладне за индивидуални прошетки. Потоа ве водиме во познатиот шопинг центар CAMPONA, каде се наоѓа и тропикариумот.
Поаѓање за Скопје во пладневните часови. Се патува преку Србија со попатни паузи за одмор.
04.01.2018 СКОПЈЕ  
Пристигнување во Скопје во раните утрински  часови .

Цената вклучува:

  • Превоз со модерен туристички автобус .
  • Сместување во Будимпешта во Хотел 3* на база 3 ноќевања со појадок
  • Организација на аранжманот
  • лиценциран туристички придружник на патувањето

Цената не вклучува:

  • Разгледување на Будимпешта со локален водич (10 eвра)
  • Новогодишна вечера
  • Крстарење со брод по Дунав  (15 eвра)
  • Излет Виена (35 евра)
  • Посета на Сент Андреа (10 евра)
  • Влезници за музеите
  • Задолжително патничко осигурување 180 денари
  • Доплата за еднокреветна соба  4.000 денари

Напомена:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%,целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • За уплати на “early booking” потребна е уплата од 30% од вкупната сума на аранжманот
  • Попустите не се комбинираат
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на ДАЛАС УНИОН
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
Available
Not Available
Selected
Tour type: Дата
Максимален број на лица: 50
Локација: Будимпешта
Оценка:
Датум на заминување:
Arrive date:
Лица:
Деца:
Infant:

Loading Maps

Рецензија за Турата

Нема рецензии
МораНајави седа внесете рецензија

Тури во близина