****early booking ****

Термин 07 Октомври
Термин 20 Октомври

1 ден  СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА
Состанок  на групата на паркингот на
спртската сала Борис Трајковски во 16.00 часот. Поаѓање за Будимпешта во 16.30 часот. Се патува преку Србија со куси
попатни паузи. Ноќно возење.
2 ден БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Панорамско разгледување на градот со стручен локален водич:
Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата "Св. Стефан",
мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата "Св. Матејас", Рибарската тврдина… Слободно
време за индивидуални прошетки и ручек. Сместување во хотел… Ноќевање.
3 ден БУДИМПЕШТА – ВИЕНА – ПАНДОРФ АУТЛЕТ
Појадок. Препорачуваме посета на Виена, панорамско разгледување на градот: Рингот, Парламентот, Виенската
Опера, градското Собрание, Палатата Хофбург, Катедралата Св.Стефан. Слободно време за прошетки низ стариот дел
на градот. Во попладневните часови посета на шопинг центарот во Пандорф. Враќање во Будимпешта.
4 ден   БУДИМПЕШТА –СЕНТ АНДРЕА – СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот одјавување од хотел. Препорачуваме посета на живописното гратче Сент Андреа, во
близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, богато со голем  број
винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање во Будимпешта. Слободно попладне. Вечерта,
предлагаме крстарење со брод по Дунав.
Поаѓање за Македонија во вечерните часови. Ноќно и денско возење со попатни паузи за одмор и царински
формалности.
5 ден  СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во пладневните часови ..
НАПОМЕНА За термин 20 Октомври, излетот за Ст. Андреа ќе биде организиран на 22 Окт, а Виена на 23 Окт

ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 15 СЕПТЕМВРИ: 99€ /6.140 ден
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 109€ / 6.760 ден

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
Превоз со модерен туристички автобус .
Сместување во Будимпешта во Хотел 3* на база 2 ноќевања со
појадок
Организација на аранжманот
Лиценциран туристички придружник на патувањето

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
Разглед на Будимпешта со локален водич (10 € )
Крстарење по Дунав (15 €)
Излет Виена и шопинг центар Пандорф (35 €)
Посета на Сент Андреа (10 €)
Влезници за музеите и културно – историските
споменици
Задолжително патничко осигурување 155 ден
Доплата за еднокреветна соба 1.860 ден
 НАПОМЕНИ:

 * За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
 * Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
 * За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
 * За уплати на “early booking” потребна е целосна уплата
 * Попустите не се комбинираат
 * Останатите услови на патување важат според годишниот програм на ДАЛАС УНИОН
 * Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.

Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди време и место на поаѓање.

*Можност за плаќање на 6 рати без камата*

 

Available
Not Available
Selected
Tour type: Дата
Максимален број на лица: 1
Локација: Будимпешта, ЕСЕНСКИ ПАТУВАЊА
Оценка:
Датум на заминување:
Arrive date:
Лица:
Деца:
Infant:

Loading Maps

Рецензија за Турата

Нема рецензии
МораНајави седа внесете рецензија

Тури во близина