ДРАКУЛА ТУРА

БУКУРЕШТ и дворците во Трансилванија

(13-17.04.2017)

Цена на аранжманот:….. FIRST-MINUTE…. 129 (7.998 ден) за уплата до 20.03.2017

Редовна цена: 149 € (9.238 ден)

Прв ден: Тргнување од Скопје во 17 часот пред Дрводекор со високотуристички автобус. Ноќно патување преку Бугарија.

Вторд ден:  Во предпладневните часови пристигнување во Букурешт главен град на Романија, кој често го нарекуваат Мал Парис. Краток разглед на градот, Посета на Патриаршијата и архитектонскиот комплекс Kurtija Veke најстариот дел од Букурешт, кој во средината на XV век го подигнал познатиот Влашки владар Влад Цепеш – Дракула и др. Панорамски разглед на Парламентот. Тргнување за Синаиа. Во приквечерните часови се пристигнува во монденските одмаралишта Синаиа или Предеал во Јужните Карпати. Сместување во хотел. Факултативно – Вечера.- Диско. Ноќевање.

Трет ден: Појадок. Посета на замокот Бран од XIV век во кој 1462г. бил затворен Дракула. Патувањето продолжува до градот Брашов, централна југоисточна Трансилванија, кој представува музеј на отворено. Посета на познатата црна Црква од XIVвек. Разглед на стариот градски центар и слободно време. Враќање во хотел. Факултативно вечера забава жива музика. Вечерта во црквата Синаиа се очекува величествениот миг ХРИСОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ , диско. Ноќевање.

Чеврт ден : Појадок. Напуштање на хотелот. Посета на дворецот Пелеш, најубавиот дворец во Европа, инаку некогашна летна резиденција на Романските кралеви. Поаѓање за езерото Снагов до истоимениот остров, на кој се наоѓа истоимениот манастир каде се наоѓа гробот на Дракула. Пристигнување во Букурешт и панорамски разглед.. Панорамски разглед  на најпознатата улица Kalja Viktorijej на која се наоѓа Ateneum (седиштето на филхармонијата), некогашната Кралска палата (денес музеј на уметноста)…, Националниот музеј за историја, и трговскиот центар Unirii. Слободно време. Ноќевање.

Пети ден. Појадок. Слободно време во шопинг центар АФИ Палас. Поаѓање за  Македонија во предпладневните часови. Пристигнување во Скопје после полноќ.

Цена на аранжманот: 129 €(7.998 ден) за уплата до 20.03.2017

Редовна цена: 149 € (9.238 ден)

 

Во цената е вклучено:                

  • Превоз со високотуристички автобус: Скопје–Букурешт-Синаиа-Скопје
  • Сместување 2 ноќи во Синаиа или во Предеал хотел  3*** и 1 ноќ во Букурешт во хотел 3***
  • На база на три ноќевања со појадок (шведска маса),   (доплата за еднокреветна соба 25 € од ноќ)

Во цената не е вклучено:

  • СИТЕ ВЛЕЗНИЦИ ВКУПНО: 35 €
  • Поединечна цена за влезници: (Дворецот Пелеш(15€), Манастирот Синаиа(4€), Замокот Бран(15€), Гробот на Дракула(8€), Црната Црква во Брашов(6€).)
  • Задолжително патничко осигурување 5 €

Доплата за 1 вечера со жива музика  15 € (забава, изненадувања).

Напомена: Нема никакви дополнителни или скриени трошоци!!!

Напомена:

(рок за пријавување до 10.04.2017-минимален број-40 патници)

бројот е ограничен !!!

Цената е формирана на база на 40 патници. Во случај на недоволен број на патници, агенцијата има право да го одложи или откаже патувањето. За кое патниците ќе бидат известени најдоцна 5 дена пред поаѓање. За овој аранжман важат општите услови на патување на Далас Унион

 

 

Available
Not Available
Selected
Tour type: Дата
Максимален број на лица: 50
Локација: Букурешт, Велигден
Оценка:
Датум на заминување:
Arrive date:
Лица:
Деца:
Infant:

Loading Maps

Рецензија за Турата

Нема рецензии
МораНајави седа внесете рецензија

Тури во близина