ЕКСЛУЗИВНА И ЕДИНСТВЕНА ПОНУДА

VIP SKI-IN & SKI-OUT

КЕМПИНСКИ ГРАНД АРЕНА БАНСКО 5*

+ ЕДНА БЕСПЛАТНА ALPHASPHERE СЕАНСА ИЛИ 20 МИНУТИ СОЛАРИУМ ПО СОБА ЗА ПРЕСТОЈ

 

Доживејте луксузен престој во најмодерниот зимски ресорт на Балканот и откријте ја мистеријата на еден од најзначајните културн историски центри во Бугарија. Сместен во срцето на Пирин планина, КЕМПИНКСИ ХОТЕЛ ГРАНД АРЕНА е идеално место за Вашиот безгрижен одмор. Добредојдени сте во овој уникатен  планински и СПА ресорт  каде времето  никогаш нема да Ви биде доволно за да ги доживеете сите  негови  содржини;  во  зима дојдете за скијање и сноубординг или во лето на планински одмор исполнет со велосипедизам, прошетки по планината или параглајдерство. Во непосредна близина на хотелот се наоѓа главната станица на ски лифтот кој ве качува на највисоките снежни врвови.  Хотелот е на само неколку минути од центарот на Банско, а таму ќе најдете многубројни традиционални меани, музеи и продавници. Со толку  одличен избор на активности за Вас секогаш ќе постои причина да се вратите овде

EARLY BOOKING попуст:

Специјална понуда

Вид на сместување Ноќевање со појадок
Двокреветна соба делукс, поглед планина (2+1) 90€
Дополнителни услови :
Дете до 5.99 год. Бесплатно
Дете од 6-11.99 год на доп.легло 24€
Возрасен на доп.легло 30€

Цените се за соба, за 1 ноќевање и вклучуваат :

– Богат појадок на шведска маса

– Користење на СПА Центар – 2 надворешни базени, 1 внатрешен базен, надворешно и внатрешно џакузи, финска сауна, био сауна, турска бања, арома парна бања, снежна соба, фитнес

– Интернет, детски парк

МИНИМАЛЕН ПРЕСТОЈ – 2  ноќевањa

Во цената не е вклучено :

– Туристичка такса 1 € на ден

– Патничко осигурување

– Доплата за организиран превоз – 35 € повратен билет

(поаѓање 21.10.2017, враќање 23.10.2017)

 

 

 

Ски ВИП КЕМПИНСКИ влез до ски лифтовите – За сите гости кој ќе ја купат ски влезницата од хотелот, Кемпински им гарантира приватен директен влез до гондолата, !!!БЕЗ ЧЕКАЊЕ!!!

Опис на собите:

Собите се со големина од 38м2,  опремени со комфорен брачен кревет или 2 индивидуални легла, дополнително легло (за сместување на фамилии), ТВ, клима уред, сеф, мини бар, тераса, када и туш, бесплатен бежичен интернет.

 

Општи информации за хотелот
Петѕвездениот Кемпински Хотел Гранд Арена Банско Ве поканува да искусите луксузен престој во најпознатиот зимски ресорт на Балканот. Запознајте ја историјата и културата на Банско и искусете ги многуте можности за туризам кои ги нуди Пирин планина.

Кемпински Хотел Гранд Арена Банско е лоциран во непосредна билизина на главната станица на ски лифтот, како и на многу мало растојание од центарот на стариот град. Луксузниот хотел располага со пространи апартмани и соби во алпски стил, уникатен SPA центар Kempinski The SPA и широк спектар на барови и ресторани со исклучителен поглед кон планина.

Сместување
Хотелот располага со вкупно 157 соби и апартмани за сместување: 110 Deluxe соби, 22 Executive соби, 14 Junior апартмани, 7 Delux апартмани, 3 Alpine апартмани и 1 Претседателски апартман.

Сите соби се дизајнирани во алпски стил – дрвен мебел и светлите бои создаваат пријатна и топла атмосфера. Собите располагаат со балкон, пространа бања со одделни туш кабина и када, индивидуално регулирање на клима уредот, кабловска телевизија, минибар, бесплатен безжичен интернет, биро и сеф.
Executive собите имаат директен пристап до Kempinski The SPA.

Сите апартмани располагаат со посебен дел за одмор, DVD плеер и бесплатно кафе и чај од мини барот. Alpine апартманите имаат сопствена сауна и џакузи
Новиот луксузен Претседателкси апартман има елегантна атмосфера, комфорт и удобност и е со површина од 240 кв.м. Две спални соби и голема дневна во која има камин со далечинско управување, посебен дел за јадење, бар, 50 инчен телевизор и конференциска зона за 10 лица. Навистина пријатно изненадување е бањата – италијански камен, мермерни умивалници со еки филтер, џакузи и 32 инчен телевизор се само некои од удобствата. За максимална дискретност апартманот има посебен лифт во кој се влегува само со клуч картичката од апартманот.

Ресторани и барови
Препуштете се на едно незаборавно кулинарско искуство – насладете се со богат доручек, вкусна тематска храна на шведска маса и средоземноморски деликатеси во ресторанот Коме Прима.

Секој заслужува мала слатка пауза – чаша топло ароматично кафе или чај со парче вкусен колач во Лоби Барот или уживајте во свежиот вкус на летните коктели на Ла Веранда Бар, тераса под отворено небо со прекраснен поглед кон Пирин планина.
Вкусете ја традиционалната јапонска кујна во Суши Бар и Тапанаки Грил и загрејте ги ладните зимски ноќи со музиката во живо во Sing Sing пиано барот (отворен само преку зимската сезона)

Конференциски услуги
Кемпински Хотел Гранд Арена Банско нуди професионални конференциски услуги како и првокласно сместување и услуга. За корпоративни настани хотелот располага со четири конферециски сали со дневна светлина и капацитет од 12 до 180 лица. На Ваше располагање ќе имате професионален консиерж, кој ќе ги организира Вашите семинари, конференции и настани.

Велнес и спорт
Kempinski The SPA
“Kempinski The Spa” е патување инспирирано од смената на сезоните во Европа. Спа процедурите ја обновуваат природната рамнотежа во организмот, повикувајќи се на мудроста и лековитите својства на природата. Предводени од сезонски елементи на пролет, лето, есен и зима, гостите успеваат да постигнат совршен баланс на телото и умот. Секоја процедура е во согласност со желбите на гостите и се користат исклучително природни производи.

Модерниоот СПА центар располага со внатрешен и надворешен базен, внатрешно и надворешно џакузи, тениско игралиште, два вида парни бањи, два вида сауни – Финска и Био сауна, фитнес центар, солариум и уникатна снежна соба. Пинг понг, пикадо, билијард и детски клуб се исто така на располагање на гостите на Кемпински Хотел Гранд Арена Банско.

Хотелски услуги
Наем на автомобили, превоз до и од аеродром ( Коли под наем, Превоз до и од аеродром/може да биде со лимузина/, ски гардероба за чување на Вашата ски опрема, изнајмување на ски опрема и ВИП ски училиште.
Тренсфери до и од хотелот
Паркинг / Гаража
Изнајмување на велосипед
Перална / Хемиско чистење
Детски клуб / Негувателка на деца
Бутик, продавница за накит
Менувачница
Безжичен интернет
Фризерски салон
продавница за сувенири

Специjални карактеристики
Кемпински Хотел Гранд Арена Банско е единствен хотел во Бугарија кој е член на The Leading Hotels of the World и Kiwi Collection. Меѓу последните награди на хотелот се наградата за Водечки СПА ресорт во Бугарија за 2007, 2008 и 2009 г. и SPAFinder Reader Choice Award за 2010 и 2011 г.

Не пропуштајте го уникатното доживување на Alphasphere сеансата во “Kempinski The SPA” – мултисензорно искуство од звук, светлина, топлина и движење.

Кемпински Хотел Гранд Арена е единствениот хотел во Банско кој има ВИП ски карти за лифтот, со кои гостите на хотелот можат да ги користат услугите на ски лифтовите без да чекаат во долгите редици/

Available
Not Available
Selected
Tour type: Дневна Тура
Времетраење: 1 ден
Максимален број на лица: 1
Локација: ЗИМА 2017/18
Оценка:
Датум на заминување:
Arrive date:
Лица:
Деца:
Infant:

Loading Maps

Рецензија за Турата

Нема рецензии
МораНајави седа внесете рецензија