1 ДЕН: Поаѓање од Скопје кон Белград во 10 часот. Поаѓање од Белград во 20 часот. Ноќно возење.

2 ДЕН: Продолжување на патувањето: Дробета Турну  Северин-Крајова-Букурешт.

Предпладне пристигнување во Букурешт, главниот град град на Романија, кој го носи епитетот „мал Париз“. Панорамски разглед на градот: Триумфалната Капија, Палатата на Парламентот (по повшина втора градба во светот)… Сместување во хотел. Одомр. Кратка прошетка во центарот на Букурешт, каде се наогаат седиштето на Филхармонијата (ateneum) , бившата Кралска Палата, Централната универзитетска библиотека, зградата на Сенатот, црквата Cretzulescu… Посета на Патриаршијата. Слободно време. Ноќевање.

3 ДЕН: Појадок. Продолжување на патувањето. Пристигнување во Мурфатлар. Дегустација на вино и ручек. Попладне пристигнување во Тулче. Град на „предворјето“ на делтата на Дунав, познат уште во времето на Александар Македонски. Сместување во хотел. Слободно време. Вечера. Ноќевање.

4 ДЕН: Појадок. Качување на брод. Пловење по ракавите и езерата на делтата на Дунав: Кришан-Мила 23-езеро Небун. Ручек и вечера на бродот. Враќање во Тулче. Ноќевање.

5 ДЕН: Појадок. Поѓање кон делтата на Дунав, најубавата делта во Европа и една од најубавите во светот. Делтата на Дунав, со своите три ракави Килиски, Сулински и Георгиевски и езерскиот систем  Разим-Синое, завзима повшина од 5165 км2, од кои 84% и припаѓаат на Романија. Делтата, која инаку има статус на природен резерват, представува права природна лабараторија, со бројни ретки билни и животински видови (на пр. 275 видови птици).  Пловидба до најскиените делови на делтата. Посета на манастирот Саон. Ручек во манастирот. Враќање во Тулче. Посета на Музејот на делтата во Тулче. Одмор. Вечера. Ноќевање.

6 ДЕН: Појадок. Напуштање на хотелот и заминување од Тулче. Пристигнување во Констанца, најголемото пристаниште во Црно Море (исто така и познато летувалиште), инаку некогашна грчка колонија Томис. Разглед на градот: споменикот на римскиот поет Овидиј (кој тука бил во егзил), џамијата, казино… Пристугнување во Мамаја, најпознатото летувалиште  на романската црноморска обала ( и најпознатиот туристички центар во Романија). Слободно време во Мамаја. Вечерта поаѓање кон Македонија. Рута: Букурешт-Дробета Турну Северин…

7 ДЕН: Продолжување на патувањето.  Пристигнување во Македонија во попладневните часови.

 

ЦЕНА: 320

 

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

  • Деца до 4 години бестплатно;
  • Деца 4-12 години имаат 30% од цената на аранжманот во заедничко легло.
  • Трета возрасна особа во 1 / 2 + 1 соба (двокреветна соба со помошно легло има попуст од 10 Евра по вечер (40 Евра).

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

– превоз во удобен туристички автобус  ( со клима уред и аудио и видео опрема);

– сместување во хотел „ Rin Central“**** или некој друг хотел во истата категоризација во Букурешт на база едно ноќевање со појадок (шведска маса) и во хотел „Europolis“*** во Тулче на база 3 ноќевања со исхрана спрема програмата (појадок-шведска маса, ручек и вечера-континентален оброк); европска категоризација на хотелите; двокреветни соби;

-влезница во Музејот на делтата и боравишна такса во Националниот парк;

-пловење со бродови по делтата на Дунав;

-дегустација на вино и ручек (континентален оборк) во вински подрум;

– пратител на група од агенцијата

 

ЦЕНАТА НЕ ОПФАЌА патничко осигурување.

 

ОПИС НА ХОТЕЛИТЕ:

Хотелот „Rin Centar“**** се наоѓа недалеку од центарот на Букурешт. Хотелот поседува двокреветни соби. Секоја соба има WC и клима уред.

Хотелот „Europolis“*** се наоѓа во самиот центар на Тулче. Собите се двокреветни. Секоја соба има WC и клима уред, повеќето имаат и тераса.

 

НАПОМЕНИ:

-Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.

-Патничкото осигурување е задолжително за поединечни дестинации. Ве советуваме истото да го поседувате за сите Ваши патувања, бидејки во спротивно сами сносите одговорност за евентуални последици при контрола од државата во која што патувате, како и од државите низ кои поминувате.

-Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува важноста на патните и другите исправи.  Агенцијата не сноси одговорност во случај граничните власти да оневозможат влез на патникот.

 

ЦЕНАТА Е ФОРМИРАНА НА БАЗА НА 40 ПАТНИЦИ. ВО СЛУЧАЈ НА НЕДОВОЛЕН БРОЈ НА ПАТНИЦИ АГЕНЦИЈАТА ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО ДА ГО ОДЛОЖИ ИЛИ ОТКАЖЕ ПАТУВАЊЕТО, ПРИ ШТО ПАТНИЦИТЕ ЌЕ БИДАТ ИНФОРМИРАНИ НАЈМАЛКУ 5 ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕТО.

СО ОВАА ПРОГРАМА ВАЖАТ СИТЕ ОСТАНАТИ ОДРЕДБИ И ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА ТУРИСТИЧКАТА АГЕНЦИЈА „ДАЛАС УНИОН“

Available
Not Available
Selected
Tour type: Дневна Тура
Времетраење: 1 ден
Максимален број на лица: 1
Локација: Букурешт
Оценка:
Датум на заминување:
Arrive date:
Лица:
Деца:
Infant:

Loading Maps

Рецензија за Турата

Нема рецензии
МораНајави седа внесете рецензија