ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 115€ /7.130 денари

 

 

1 ден: 07.09 – СКОПЈЕ – ПРАГА:
Состанок на групата на паркингот на хотел Вип, спроти Скопски саем во 15:00ч. Поаѓање на автобусот во 15:30 ч. Се патува преку Србија. Ноќно возење со попатни паузи.

2 ден: 08.09 – ПРАГА:
Пристигнување во Прага во предпладневните часови. Можност за факултативно панорамско разгледување на градот: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Еврејската четврт, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часовник – Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Вечерта предлагаме факултативно посета на Пивница во средновековен амбиент, со несекојдневна шоу програма, пиво, коленица и традиционална Чешка чорба… ќе Ве воодушеват мајсториите на средновековните витези, голтачите на пламен , стомачните танчерки… Ноќевање.

3 ден: 09.09 – ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ:
Појадок. Предлагаме целодневен факултативен излет на бањскиот центар Карлови Вари. Посета на дванаесетте извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бехеровка, музејот на Бехеровка… да се напиете кафе во престижниот Grand Hotel PUPP и да уживате во романтична прошетка низ ова неверојатно инспиративно градче. Враќање во Прага. Вечерта можност за факултативно крстарење со брод по реката В’лтавa. Ноќевање.

4 ден:10.09 – ПРАГА – ВИЕНА:
Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на познатиот OUTLET SHOPING CENTER FREEPORT, во Знојмо. По пристигнувањето во Виена, панорамско разгледување на градот со автобус: Рингот, Oперата, Парламентот, Музејската четврт, Универзитетот, зимскиот дворец Хофбург, катедралата Св. Стефан…. Слободно време во Виена. Поаѓање за Скопје во вечерните часови. Ноќно возење со попатни паузи.

5 ден:11.09 – СКОПЈЕ:
Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Прага Виена – Скопје
  • 2 ноќевања во хотел 3* НП во Прага
  • Организација и водство на програмата
  • Попатна посета и прошетка во Виена
  • Попатна посета на OUTLET SHOPING CENTER FREEPORT

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко здравствено осигурување 150 мкд
  • Разглед на Прага со локален водич – 10€
  • Факултативен излет Карлови Вари – 25€
  • Крстарење со брод по Влтава – 15€
  • Посета на средновековна пивница со вечера и забавна програма – 30€
  • Влезници за музеи и локалитети
  • Доплата за еднокреветна соба 1860 ден

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на ДАЛАС УНИОН
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање.

 Следни термини: 

      07 – 11 Октомври

      20 – 24 Октомври

Available
Not Available
Selected
Tour type: Дата
Максимален број на лица: 50
Локација: Прага, 8-ми Декември
Оценка:
Датум на заминување:
Arrive date:
Лица:
Деца:
Infant:

Loading Maps

Рецензија за Турата

Нема рецензии
МораНајави седа внесете рецензија

Тури во близина