Венеција

Едноставно плени со своите разобојни палати, канали, безброј мостчиња, тесни улички, мали плоштади… Трагата на вековите што изминале е впиенa во секој нејзин дел.  Посетете ја Дуждевата Палата и уверете се во моќта и сјајот на владетелите на Венеција. Мостот на Воздишките е врзан за многу легенди, но вистината за него е многу поинаква од првата љубовна асоцијација… Црквата Св.Марко и огромниот истоимен плоштад се срцето на Венеција, каде што се почнува и завршува, па и волшебниот Венециски Карневал. Најголемата туристичка атракција сепак не е и  најкарактеристичниот дел на градот. Симбол на Венеција, многу повеќе отколку златниот Св.Марко, e најромантичното превозно средство – гондолата. Дозволете си романтична прошетка со гондола низ живописните канали и невообичаен поглед на прекрасниот мост Rialto, кој ги поврзува шесте квартови наn Венеција, распослани на двете страни од Canal Grande… На момент застанете и запловете со мислите низ просторот и времето, можеби затскриени зад некоја раскошна венецијанска маска. Залудно е да се набројуваат имиња на уметници или морепловци, за да се долови големината на овој магичен град. Неговата големина, е самиот тој! Венеција, едноставно, мора да се доживее, а воодушевувањето гарантирано нема да изостане…

Верона

Насекаде низ светот е асоцијација за љубов. Сагата за Шекспировите Ромео и Јулија оставила траен печат на овој град. Сепак, Верона има многу повеќе да понуди од само љубовен мит. Верона е непретенциозна, ведра, релаксирана, едноставно – пријатно изненадување. Токму во овој северно-италијански град се наоѓа втората по големина арена во Италија, после Колосеумот во Рим. Арената во Верона е импозантно здание, во кое некогаш се одржувале гладијаторски борби, а денес е седиште на најголемите спектакли. Арената е лоцирана на еден од најпознатите плоштади во градот, Piazza Bra, простран плоштад преполн со барови и ресторани. Пешачка уличка Via Mazzini е срцето на градот и негов најелегантен дел. Таа ве води од последното “крило” на градските ѕидини до Piazza Erbe. Овој живописен плоштад истовремено е центар на значајни градби и скулптури, но и популарен градски пазар. Околу тезгите со разнобојни овошја и сувенири се наоѓаат многу познати скулптури, фонтани и зданија: Мадона Верона, Кулата Ламберти, прекрасната барокна палата Palazzo Maffei… Куќата на Јулија е најголемата туристичка атракција во Верона. Според некои историчари, куќата навистина припаѓала на фамилијата Капулети и датира од XIII век. Легендата вели дека за плодност треба да ја допрете десната града на статуата на Јулија, а за верност нејзината рака… Препорачуваме прошетка покрај реката Адиџе и поглед на градот од најубавиот мост, Понте Скалиџеро. Паузата за ручек искористете ја за порција паста на Ербе и потоа капучино на Бра, со поглед на Арената. Уживајте!

Програма:

 СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА

Состанок на групата на паркингот спроти хотел Holiday Inn во 14:00 часот. Поаѓање за Венеција во 14.30 часот.Се патува преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.

  ВЕНЕЦИЈА

Пристигнување во предпладневните часови и сместување во хотел во Лидо ди Јесоло. Слободно време за одмор. Во пладневните часови поаѓање за Венеција. Пристигнување и прошетка по плоштадот „Сан Марко“, истоимената црквата, ќе се помине покрај Мостот на воздишки, каналот Гранде, Дуждевата палата, мостот Риалто… Враќање во Лидо ди Јесоло. Ноќевање.

  ВЕНЕЦИЈА – ФИРЕНЦА

Појадок. Препорачуваме факултативна посета на главниот град на Тоскана и престолнината на ренесансата-Фиренца. Разглед на градот: Црквата Санта Кроче, Катедралата Дуомо, звоникот и крстилницата, Палатата Векио и репликата на Микеланџеловиот Давид, Галеријата Уфичи, Мостот Понте Векио, Палатата Пити… Враќање во Лидо ди Јесоло во вечерните часови. Ноќевање

  ВЕНЕЦИЈА – ВЕРОНА – СКОПЈЕ

Појадок. Факултативна посета на Верона – град познат по Ромео и Јулија. Разглед на градот: плоштадите Бра, Ербе, Данте, куќата на Јулија, Амфитеатарот… Слободно време и можност да се почувствува атмосферата на елитните кафулиња со “вистинскo” италијанско кафе. Во попладневните часови тргнување за Македонија. Ноќно возење. Пристигнување во Скопје наредниот ден предпладне.

 

ЦЕНА: 119 евра / 7.380 ден до 15.09.2017

РЕДОВНА ЦЕНА: 129 евра / 8.000 ден

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со високо-туристички автобус на наведената релација
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Лидo ди Јесоло
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето
  • Организиран трансфер од Битола, Прилеп, Кавадарци, Струмица, Штип, Велес, Охрид, Кичево, Гостивар, Тетово (Организираниот трансфер може да биде во утринските часови, а точно време на поаѓање се утврдува 1 ден пред терминот на поаѓање)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Посета на Венеција (разглед, превоз и брод) 15 евра
  • Факултативна посета на Фиренца 45 евра
  • Задолжителна факултативна посета на Верона 10 евра
  • Туристичка такса 2 евра по лице по ноќ (се плаќа во агенција)
  • Патничко осигурување 200 денари
  • Доплата за 1/1 соба 2.480 денари

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 40 патници.
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ.
  • Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62мкд.
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од мин.30%, целосна уплата се врши најдоцна 7 дена пред поаѓање.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најкасно 7 дена пред поаѓање!
  • Патникот има обврска да се јави во агенција 24 часа пред патувањето за да го потврди времето и местото на поаѓање!
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.

 

Следни термини: 


 

Available
Not Available
Selected
Tour type: Дата
Максимален број на лица: 50
Локација: Венеција, 1-ви МАЈ, ЕСЕНСКИ ПАТУВАЊА
Оценка:
Датум на заминување:
Arrive date:
Лица:
Деца:
Infant:

Loading Maps

Рецензија за Турата

Нема рецензии
МораНајави седа внесете рецензија

Тури во близина