ЗА НАС

logo_dalasunion

Туристичката Агенција “ Далас Унион “ постои веќе 25 години и поседува Лиценца “А” за вршење на туристичка дејност одобрена од Министерство за економија на Република Македонија.

 

Т.А Далас Унион има активно членство во Сојуз на Стопански комори на Македонија, Меѓународна асоцијации, член на ATAM (Aсоцијација на туристичките агенции на Македонија), член на Стопанската комора за Туризам на Република Македонија. Со свое учество во органите на управување, Т.А Далас Унион е активна и во Туристичкиот сојуз на град Скопје, како и во Туристичкиот сојуз на Република Македонија.

 

T.A Далас Унион е една од водечките туристички агенции во Република Македонија позната по професионалната услуга со користење на современи информатички технологии како и стручен и индивидуален пристап со клиентите. Соработката со голем број хотели, приватни изнајмувачи на приватно сместување и регионални туроператори насекаде во светот ја дополнува комплетноста на услугата и спремноста да се одговори на секое барање на клиенти.

 

Секторот за организација на патувања и хотелски резервации во земјата, е препознатлив по добро организираните програмски дестинации, како и програми направени според желбата на групите и индивидуалците. Овој сектор обезбедува сервисни услуги за странски туристички групи и индивидуалци кои ја посетуваат Македонија или балканскиот регион обезбедувајќи им хотелскo сместување, трансвери, разгледи, водичи и други услуги.

 

Одделот за домашен туризам нуди услуги за посета на Македонија. Организирани патувања низ Македонија, хотелско сместување, превоз, високо туристички автобуси и лиценцирани туристички водичи.

 

Агенцијата има добра соработка со хотели, бањи и спа-центри во Македонија и во странство . Отворена е за потребите на корисниците, секако тука е и вклучена професионална услуга за координирање на странските туристи.

 

Одделот за странски туризам работи со организирани екскурзии како и екскурзии прилагодени според барање на групи и поединци, индивидуални патувања со хотелско сместување, авионски, автобуски и бродски превоз.

 

Познати сме по успешните тури за Романија – за прв пат ја именувавме како ДРАКУЛА ТУРА за 11-ти Октомври 2002 година, од тогаш наиде на огромен интерес и стана еден од најбараните и најпопуларните аранжмани во Македонија. Исто така нашата агенција професионално ги спроведува и другите аранжмани во Венеција, Прага, Будимпешта, Истанбул, Виена, Крф, Краков, Минхен и дворците во Баварија… Секако тука спаѓаат и најегзотичните дестинации Шпанија, Италија, Тунис, Египет, Дубаи, Тајланд, Малдиви…

Во 2008 година Далас Унион стана главен тур-оператор за Албанија каде што имаше закупено 32 хотели во познатите места Драч , Валона , Саранда . Истата година агенцијата закупи 10 хотели на Копаоник.

 

Во ноември 2008 година се потпиша договор за ексклузивитет со Фондацијата “Археолошки парк”-Долина пирамида Сунца и со тоа стана главен тур-оператор за посета на “Босанските пирамиди” во Високо – Сараево.

 

Во 2009 година потпиша договор со ТРАНСОРИЕНТ (туроператор за Азија),и со тоа стана единствен представник во Македонија ,која организира индивидуални патувања за Тајланд,Индија,Арапските Емирати,Кина … Исто така има многу добра соработка со сите авиокомпании од земјава и од странство.Посебно може да се истакне продажбата на автобуски билети,со помош на нашата билетара што се наоѓа наспроти хотелот Холидеј Ин.

 

Меѓу другото агенцијата поседува и услуги за превоз со сопствени возила и возачи .

Т.А Далас Унион поседува возила со различен капацитет високо-туристички минибус и автобус :

Вип минибус Располагаме со Вип минибус „Iveco Deyli“ 18+1 седишта со DVD, mp3, LCD-монитор, клима, куфер за багаж…

Aвтобус „Mercedes 350“ 49+2 седишта со DVD, mp3, LCD-монитор, фрижидер,   кафемат, клима..

Автобус „BOVA“ 59+2 седишта со DVD, mp3, TV, фрижидер,   WI-FI (интернет) , кафемат, клима…

Покрај сопствени возила за посебни потреби на поголеми групи, може да се организираат преку 50 туристички автобуси, минибуси и комбиња за организиран превоз на патници.

 

Нашиот деловен углед, професионалност, долгогодишно искуство, квалификуваноста и љубезност на нашите вработени, како и големиот број на задоволни клиенти се потврда за нашиот квалитет.

 

Агенцијата Далас Унион Ви стои на располагање 24 часа, а има само едно мото- доверба без кое не би опстанала толку години . Постоиме и работиме за да ги оствариме вашите желби.

 

Со почит.

Ви благодариме на Вашата доверба !